Македонскиот прволигаш Силекс ремизираше 2-2 против Нефчи во пријателски натпревар кој се одигра во Анталија. Иако кратовскиот тим се најде во негатива, успеа да направи пресврт, но во завршницата дозволи противникот да го изедначи резултатот.
Нефчи поведе во 17. минута, но Силекс возврати пред крајот на првото полувреме, кога Додев успешно реализираше по центаршутот од левата страна.
Во второто полувреме, Анѓелески од белата точка донесе предност за својот тим. Сепак, противникот не се предаде и во 86. минута преку Марушиќ го постави конечниот резултат, откако претходно Јововиќ го постигна првиот гол за узбекистанскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













