Македонскиот прволигаш Силекс го загуби првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Подобар од кратовскиот тим беше Нови Пазар кој славеше со 1-0.
Тимот на Горан Симов се уште не е во полн натпреварувачки ритам, па Нови Пазар имаше повеќе од играта на овој меч. Стрелец на победничкиот погодок беше постигнат во 77.минута, кога Јово Којиќ најдобро се снајде во шеснаесетникот на Силекс по корнерот од левата страна и со удар со глава ја затресе мрежата на кратовци.
Следниот тест за Силекс ќе биде против украинскиот тим Колос.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













