
Силекс ја победи Шкендија со 1-3 на прославата на шампионската титула во Тетово. Марко Ѓорѓиевски беше двоен стрелец, погоди и Тимовски, а Фитон Адеми се запиша во листата за домаќинот.
Гостинскиот голман Џеков неколку пати интервенираше одлично, бранејќи удари кои можеа да резултираат со водство за домаќините.
Силекс ја чекаше своата шанса и во 34. минута Марко Ѓорѓиевски, поранешен младински репрезентативец на Македонија, избегна офсајд, мајсторски го мина својот чувар и со лева нога ја смести топката во мрежата за 0-1.
Само четири минути подоцна, Силекс доби пенал, а Ѓорѓиевски повторно беше прецизен, зголемувајќи на 0-2, резултат со кој се замина на полувреме. Со овие два гола, Марко Ѓорѓиевски стигна до 15 погодоци во шампионатот и заедно со Бесарт Ибраими од Шкендија ќе го подели признанието „Златна копачка“ за најдобар стрелец.
Во второто полувреме, Шкендија тргна офанзивно со неколку свежи сили што ги внесе тренерот Беќири. Тоа даде резултат – резервистот Фитон Адеми погоди по убава акција за намалување на 1-2. Притисокот на домаќините се зголеми, погодена беше и пречката, но мрежата на Џеков остана недопрена.
Во судиското надополнување, Тимовски го постави конечниот резултат 1-3 за Силекс.

Брера го победи Работнички со 3-2 и обезбеди опстанок во Првата лига, иако и Беса славеше против Пелистер во Битола со 1-4.
Тиквеш и Струга ТЛ во Кавадарци ремизираа 3-3.
Нзенгуе и Велков донесоа водство од 2-0 за Брера, Лазаревиќ намали на 2-1, тоа беше резултатот од првото полувреме. Марко Ѓорѓиевски од пенал во вториот дел погоди за 3-1, а Работнички до крајот успеа само да го ублажи поразот со одличен гол од слободен удар што го постигна Теодор Николовски.
Беса поведе со 0-2 во Битола со головите на Алими и на Селмани, а потоа и Љамалари донесе 0-3 на стартот од вториот дел. Тарасенко намали во 63. минута, а потоа Али го постави конечниот епилог, 1-4.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Струга Трим Лум заврши без победник (3-3), но понуди вистинска фудбалска драма со шест погодоци и голема возбуда на теренот и трибините. Пред натпреварот, домаќините го претставија муралот посветен на трагично починатиот Андреј Лазаров.
Првото полувреме беше особено содржајно – Тиквеш двапати поведе преку Стојанов и Миловановиќ, но Струга успеваше да се врати во игра. Најпрво Компаоре израмни, а потоа, по голема грешка на голманот Купанов, кога го погоди Малески, а топката заврши во мрежата за ново израмнување (2-2).
До крајот на полувремето, Малески повторно беше на вистинското место по одбиен удар на Спировски и го донесе водството за Струга (2-3).
Во завршницата од натпреварот, Хрватот Филип Михаљевиќ израмни со удар од далечина во 85. минута, откако топката се одби од противнички играч и го измами голманот Стевковски.
ПРВА ЛИГА, 33. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 3-2
ПЕЛИСТЕР – БЕСА 1-4
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-3
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 3-3


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
