
Навивачката група „Шверцери“ објави соопштение во кое обвинува поранешни и сегашни функционери на Шкупи за местење натпревари и користење на клубот за личен профит преку обложување.
Белат дека турските претставници си играле мајтап како со клубот, така и со целиот град. Најтешките обвинувања се однесуваат на поранешниот претседател и дел од раководниот тим, кои, според нив, минатата сезона свесно местеле натпревари за да профитираат преку обложувалници.
- Имаме податоци дека неколку натпревари биле наместени со цел да се земат пари од обложување. Тоа не само што е срамно, туку е и кривично дело“, пишуваат навивачите.
Според нив, новиот директор продолжува во истата насока, а неодамнешната пријателска средба со Арсими била откажана откако „Шверцери“, заедно со клубот од Челопек и ФФМ, добиле информации дека и тој натпревар требало да биде местен.
Според групата „денешното заминување на екипата во Турција е со цел организација на нова сомнителна пријателска средба“ и отворено апелираат до институциите да реагираат.
„Ја повикуваме државата и сите надлежни органи веднаш да го спречат овој срам. Ќе направиме сѐ што е во наша моќ Шкупи да не одигра ниту еден натпревар, бидејќи секој носи ризик од ново местење“, велат од групата.Ова ќе биде тешка битка, но ќе ја добиеме, за доброто на децата во овој град“, порачуваат од „Шверцери“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
