
Јон Дал Томасон веќе не е селектор на шведската фудбалска репрезентација. Слабите резултати на Скандинавците за време на квалификациите за Светското првенство доведоа до отпуштање на 49-годишниот тренер, соопшти фудбалската федерација на оваа земја.
Во натпреварот Словенија – Шведска (2-2), репрезентацијата повторно не успеа да дојде до победа.
Шведска се наоѓа на последното место во групата Б со само еден бод по четири одиграни натпревари. Во октомври, Швеѓаните загубија од Косово (0-1) и од Швајцарија (0-2).
Данецот Томасон ја презеде шведската репрезентација во февруари 2024 година, заменувајќи го Јане Андерсон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
