Connect with us

Швајцарија убедлива против Белорусите, Турција славеше во Ереван (ВИДЕО)

Швајцарија ја растури Белорусија победувајќи со 0-5 на неутрален терен, на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад, а хет-трик постигна Ренато Штефен. Тој беше стрелец на првите три гола за швајцарскиот тим, а потоа стрелаа и Гранит Џака и Зани Амдуни.   

Израел и Косово одиграа 1-1. Гостите поведоа со автоголот на Ели Даса, а Израел израмни преку Дор Перец во 56.минута од мечот. 

Турција ја победи Ерменија на гости во Ереван со 1-2. Озан Кабак во десеттата минута си постигна автогол за водство на Ерменија, но Кокчу израмни во 35.минута, а победничкиот гол беше дело на Керем Актуркоглу. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови