Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов, го напушти Келн и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Штутгарт. Тој од денеска и официјално почна со тренинзи со новиот клуб, но бидејќи трансферот се уште не е целосно комплетиран тој мораше да добие дозвола „како гостин“ да работи со новите соиграчи.
„Можеме да потврдиме дека се договоривме со Штутгарт за трансферот на Дарко Чурлинов. Останува уште да се средат завршните формалности за трансферот да се официјализира, но Чурлинов од денеска „со гостинска дозвола“ почна со тренинзи во Штутгарт“ – објави Келн преку официјално клупско соопштение.
Чурлинов на стартот на сезонава беше дел од плановите за првиот тим на Келн, дури и настапи како резерва во рамките на Бундес-лигата, но како што одминуваше времето, така неговата улога во екипата беше маргинализирана. Во ситуација кога неговиот договор со Келн беше блиску до завршување, „овните“ решија да дадат зелено светло за негово заминување.
Herzlichen willkommen beim #VfB, Darko #Churlinov! ?? pic.twitter.com/Y310X8lf3d
— VfB Stuttgart (@VfB) January 7, 2020
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













