Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, објави дека Градскиот стадион во овој град, до крајот на годината ќе добие комплетно нов лик. Треба да се претвори во современ, мулти-таскинг објект кој што ќе ги исполнува стандардите за играње на меѓународни натпревари.
„Според динамиката на градежните работи до почетокот на новата сезона очекуваме да биде завршена Западната трибина. Општина Штип ќе ги изврши сите неопходни активности за изградба и на Источната трибина за градскиот стадион да биде по сите европски стандарди со што Штип ќе биде спремен да пречека големи фудбалски клубови и имиња“, изјави вели Јорданов.
Градскиот стадион во Штип е дом на македонскиот прволигаш Брегалница, но во иднина сигурно ќе може да биде домаќин и на фудбалските репрезентации на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













