
Штефан Кунц, актуелниот селектор на младата репрезентација на Германија до 21 година, би можел да ја преземе турската фудбалска репрезентација, која по серијата порази остана без селекторот Шенол Ѓунеш, пишуваат турските медиуми.
Според турски извори, начелен договор е постигнат со 58-годишниот Кунц да ја преземе турската репрезентација. Како играч, Кунц помина една сезона (1995/1996) во турскиот гигант Бешикташ. Конечната одлука треба да ја донесе управниот одбор на Турската фудбалска федерација, пренесува телевизијата ТРТ.
Турската фудбалска федерација во петокот, три дена по тешкиот пораз од Холандија (1-6), објави дека го отпуштила Шенол Ѓунеш.
Кунц беше споменуван извесно време како кандидат за наследник на Јоаким Лев, кој ја предводеше Германија од 2006 до 2021 година, но на крајот честа му припадна на Ханси Флик

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski