
Актуелниот шампион Струга Трим Лум и понатаму е лидер на табелата во Првата лига, но сега само со бод предност пред Шкупи, откако вчера на домашен терен ремизираше против Брегалница (2-2).
Стружани поведоа со голот на Буњамин Шабани, но во вториот дел имаше пад на концентрацијата кај нив, па дозволија Брегалница да постигне два гола преку Филип Стојчевски и Ремзифаик Селмани. Сепак, на крајот Бесарт Ибраими од пенал израмни на 2-2.
Тренерот Шпетим Дуро жали за трите бода, но вели и дека е многу важно што тимот се врати во финишот и стигна до бод.
„По сето тоа што го прикажавме во првото полувреме, се чинеше дека ќе биде лесен натпревар за нас како екипа, особено по голот што го постигна Буњамин Шабани. Но, во вториот дел работите се сменија, па добро е и што израмнивме и освоивме бод од овој натпревар, кој нѐ држи на првата позиција. Верувам дека ова е многу важно, бидејќи го задржува мотивот на фудбалерите, на целиот тим, да се бориме до крај, да не го загубиме тоа што го имаме во моментов“, изјави тренерот Шпетим Дуро.
Следниот викенд Струга ТЛ гостува во Ѓорче Петров и ќе игра против Македонија ЃП во 28.коло од Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
