
Есенскиот првак и актуелен лидер на табелата во Првата лига, тимот на Струга Трим Лум, неочекувано го отпушти тренерот Срѓан Захариевски по две ремија на стартот на пролетта. Стружани одиграа 1-1 против Тиквеш во Кавадарци, а потоа и 0-0 против Македонија ЃП на домашен терен во меч во кој Бесарт Ибраими промаши два пенали.
Раководството на Струга ТЛ сега ја разгледува најдобрата опција за негова замена, а според информациите тоа е Шпетим Дуро, албанскиот стратег кој во минатото беше на клупата на Шкендија.
Тој релативно добро ја познава македонската лига, а последен пат беше на клупата на албанскиот клуб Игнатиа.
Струга Трим Лум во моментот има два бода предност пред Шкупи на врвот на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
