Connect with us

Шпанците во осминафинале, Италија на „поправен“ против Хрватска (ВИДЕО)

Италија, актуелниот фудбалски владетел на Европа, го доживеа првиот пораз на ЕВРО 2024 откако загуби од Шпанија со 1-0.


„Фуријата“ победи благодарение на автоголот на Рикардо Калафиори во 55. минута.
Ова е втора победа за Шпанија, која се пласира во осминафиналето, придружувајќи се на домаќинот Германија.

Клучниот момент беше таа 55. минута, кога топката испратена од левата страна го погоди Калафиори и заврши во мрежата на Италија.


Иако Шпанците имаа уште неколку шанси, вклучувајќи ја и погодената греда на Нико Вилијамс во 70. минута, како и обидите на Алваро Мората, Нико Вилијамс и Ајозе Перез, на крајот славеа само со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови