Connect with us

Шпанска доминација: Родри и Аитана Бонмати се лауреатите со „Златната топка“

Шпанскиот репрезентативец Родри, кој е член на Манчестер Сити, е добитник на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, „Златната топка“. Тој успеа да победи во изборот, победувајќи тројца фудбалери на европскиот клупски првак Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, Дани Карвахал и Џуд Белингам. Сите претставници на „кралскиот клуб“, ја бојкотираа вечерашната манифестација, затоа што мислат дека УЕФА „замешала прсти“ во изборот, со оглед дека главен фаворит за наградата претходно беше Винисиус Жуниор.

„Многу луѓе од светот на фудбалот се заслужни за оваа моја награда, би сакал да им се заблагодарам на сите, на моето семејство, на мојата девојка, тие многу ми помогнаа, секако и на соиграчите од Манчестер Сити и од фудбалската репрезентација на Шпанија“, изјави меѓудругото Родри.

Аитана Бонмати, фудбалерката на Барселона и шпанска репрезентативка, вторпат по ред ја освои „Златната топка“ во женска конкуренција.

Најдобар голман повторно е Емилијано Мартинез, чуварот на мрежата на Аргентина и на Астон Вила.

Најдобар тренер е Карло Анчелоти, а најдобар клуб во машка конкуренција е Реал Мадрид. Кај дамите, Ема Хејес и Барселона се лауреатите.

Наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец ја поделија Хари Кејн и Килијан Мбапе. Англичанецот беше дел од церемонијата, додека Мбапе како и сите останати од Реал Мадрид не присуствуваше на спектаклот во Париз.

Џенифер Хермосо ја доби наградата „Сократес“ за нејзината борба за еднаквост во светот на фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови