Шпанија ја покажа вистинската сила против Словачка и ја декласира со убедливи 5-0 освојувајќи го второто место во групата и се пласира во осминафиналето. Мората во 12.минута не реализира пенал, Дубравка го одбрани ударот, а потоа со несмасна интервенција си постигна автогол во 30.минута. До крајот на првиот дел, Лапорт зголеми на 2-0.
Во второто полувреме, Сарабија постигна трет гол, стрелаше и Феран Торес, а Кучка си постигна автогол.
Шведска со гол во финишот оствари триумф (3-2) над Полска и го освои првото место во групата Е. Виктор Клаесон во 94.минута постигна победнички погодок на асистенција на Дејан Кулушевски. Претходно, Емил Форсберг беше двоен стрелец за Швеѓаните, а Полска израмнуваше со погодоците на Роберт Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













