Connect with us

Шпанија е европски првак, Ојарзабал е херојот на „фуријата“ (ВИДЕО)

Шпанија четврти пат во историјата е европски фудбалски првак откако ја победи Англија со 2-1 во финалето на ЕВРО 2024 во Берлин. „Црвената фурија“ сосема заслужено го освојува пехарот со оглед дека покажа најмногу во текот на целиот шампионат и победи на сите натпревари што ги одигра.

Микел Ојарзабал, уште еден резервист на Луис де ла Фуенте, како што претходно беше Микел Мерино, е херојот на шпанскиот национален тим. Тој успеа да го постигне победничкиот погодок во 86.минута, откако реагираше одлично на уфрлената топка од левата страна и го надмудри Џордан Пикфорд.

Шпанија дојде во водство во 47.минута со голот на Нико Вилијамс, а израмни Кол Палмер во 73.минута со удар од 25 метри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови