Connect with us

Шпанецот Мичел се враќа на кормилото на Олимпијакос

Грчкиот гигант Олимпијакос донесе одлука за нов тренер. На клупата се враќа шпанскиот стратег Мичел кој го предводеше овој тим и во периодот од 2013 до 2015 година.


Меѓу кандидатите за тренер на Олимпијакос се споменуваа Лорен Блан и Рафа Бенитез, но раководството на клубот се одлучи за Мичел на кого добро му е позната работата во тимот од Пиреја.

Мичел ќе добие двегодишен договор и ќе треба да ги исправи работите по лошиот старт на сезонара. Олимпијакос моментно е петтопласиран во грчкиот шампионат, со само две победи во првите пет натпревари.

Во тимот се две големи ѕвезди, Марсело и Хамес Родригез кои во минатото го носеа дресот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови