
Офанзивниот играч за врска Деле Али некогаш беше најголемиот талент во англискиот фудбал, но сега, со само 27 години, се чини дека е отпишан. Сениорската кариера ја започна во нисколигашот МК Донс, каде со добрите настапи го привлече вниманието и заработи трансфер во Тотенхем, каде повремено играше на многу високо ниво под водство на Маурисио Покетино.
Неговата најдобра сезона беше во 2016/17 година, кога во Премиер – лигата постигна 18 гола.
Сепак, неговата форма почна да осцилира и сѐ повеќе кружеа приказни за неговото непрофесионално однесување. Тој додека настапуваше за Тотенхем доби повик во репрезентацијата на Англија со која беше и во Русија на Мундијалот. Но, по падот на формата, тој го напушти Тотенхем и замина во Евертон, каде што повторно не се покажа доволно добар.
Минатата сезона беше позајмен во турскиот Бешикташ каде одигра 17 натпревари и постигна три гола. Неговиот договор со Евертон е со важност уште една година, но се предвидува дека претходно би можел да биде отпишан.
– Alcoholic mom
— UF (@UtdFaithfuls) July 13, 2023
– Molested by his mom's friend at 6
– Started smoking at 7
– Started dealing drugs at 8 (selling)
– Hung off a bridge at 11
– Adopted at 12
Emotional and powerful interview from Dele Alli.
Wishing him the best going forward. ❤️pic.twitter.com/9haKf66RzQ
Деле Али даде интервју за сега веќе легендарниот Гери Невил во кое зборуваше за неговото тешко детство и психичките проблеми што му ги предизвикало.
Освен двете години што ги поминал со својот татко во Нигерија, раното детство го поминал во домот на неговата мајка алкохоличарка. На шест години бил сексуално нападнат од нејзината пријателка, а на седум години пушел цигари.
На осум години почнал да продава дрога за локални криминалци.
Тој му кажа на Невил како криминалците знаеле дека полицијата нема да запре дете на велосипед, па тој носел дрога во својата торба за да ја достави до клиентите.
На 11 години сакал да се обеси на мост, а на 12 години е посвоен од семејството на неговиот соиграч од младинскиот систем на МК Донс каде се чувствува прифатен. Во текот на кариерата на дресот го носеше своето име „Деле“ бидејќи не се чувствува поврзан со семејното име.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Најтрофејниот клуб Вардар го победи шампионот Струга ТЛ на гости, а Шкендија успеа да...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на...
Автор makfudbal
