Connect with us

Шокантно: Катарците го наместиле првиот меч на СП против Еквадор?!

Челниците на Катар наводно поткупиле седум фудбалери на Еквадор да загубат на отворањето на Светското првенство, објави британскиот „Дејли Мејл“. Наводно резултатот на натпреварот треба да биде 1-0 за домашните, а голот да биде постигнат во второто полувреме.

Се шпекулира дека Катар им платли на Јужноамериканците 7,4 милиони долари, а петмина инсајдери од Катар и од Еквадор ја потврдиле вистинитоста на оваа приказна.


Катар како домаќин е во групата А со Холандија, Сенегал и со Еквадор, а шансите за пласман во следната рунда им се минимални. Не треба да се споменува дека ова ќе биде дебитантски настап на Мундијал за организаторот на првенството.

Во секој случај, жителите на Катар ќе имаат можност да проследат три спектакли во кои ќе учествува нивната репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови