Легендарниот француски интернационалец кој играше за Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, наскоро ќе објави автобиографија со наслов „Ја сакам оваа игра“, а во неа има шокантна исповед од неговото детство кога систематски бил малтретиран од учител во училиште. Како 13-годишен Евра спиел повеќе од трипати неделно во училишниот интернат, бидејќи живеел далеку, а тоа му овозможувало да тренира фудбал во локалниот клуб.
„Никогаш никому не сум кажал за тоа. Кога го ставив во книгата, отидов да ја посетам мајка ми и првпат и кажав се. Таа беше шокирана и ми рече да не објавувам во книгата, но јас потенцирав дека не се работи веќе за мене, туку за други деца кои можеби се нашле или ќе се најдат во таква ситуација. Мајка ми почувствува дека нешто не е в ред затоа што по некое време одбивав да спијам со тој човек. Не можеше да поверува кога и кажав, таа беше многу бесна. Но, не сакав некој да ме сожалува. На почетокот не сакав да го откријам и да навлегувам во детали бидејќи се срамев и се плашев што ќе мислат луѓето. Се предомислив затоа што можеби и некои други деца во иднина ќе бидат злоупотребени, а треба да бидам силни и да зборуваат за тоа“, рече Евра.
Во својата книга, тој детално ги опиша ужасните моменти што ги доживеал во собата на учителот.
„Ми помагаше со домашните задачи и ми зготви вечера, а потоа ме искористи. Влегував во собата и ја затворав вратата, но не можев да ја заклучам бидејќи го немав клучот. Не можев тоа да го направам со врвките од моите копачки. Знаев што е следно. Вратата ќе се отвори, малку светлина ќе влезеше од ходникот во собата и потоа ќе го видам учителот како полека оди кон мојот кревет. Мислеше дека спијам, па ги турна рацете под ќебето и почна да ме допира. Знаев што прави, па почнав да го удирам и да го оттурнувам со нозете, но бев ужасно исплашен и не сакав да му покажам. Тоа траеше околу 15 минути. Ме соблече со сила и се допираше во исто време, тоа го возбудуваше“, пишува Евра во автобиографската книга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal