Connect with us

Шок за Робињо, мора да оди девет години во затвор, освен – во Бразил!

Поранешната ѕвезда на Милан, Реал Мадрид и на Манчестер Сити, Робињо, ќе мора да оди во затвор. Според „Кориере дело спорт“, бразилскиот напаѓач ја загубил последната жалба во неговиот случај во кој е осуден за силување и се соочува со девет години затвор.


Робињо со години се жалеше на повеќе нивоа, но на крајот сите ја потврдија пресудата и сега се соочува со долга затворска казна. Инцидентот за кој беше осуден се случи во Милано во 2013 година, кога Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко силувале 23-годишна жена.

Иако Бразилецот тврдеше дека се се случило доброволно, телефонските разговори и пораките изнесени како доказ покажаа дека неколкупати бил одбиен. Судот во Рим, кој ја застапува највисоката инстанца за жалби, сега му ја скрати и последната надеж, па 38-годишниот Бразилец би морал да ја одлежи казната што му е пропишана.


Сепак, се чини дека и двајцата би можел да се извлечат и да живеат мирно во родниот Бразил, чиј устав забранува екстрадиција на неговите граѓани во други земји. Италија може да побара од Бразил да ја отслужи казната таму, но не е сигурно дека тоа ќе се случи.

Бразилецот го одигра последниот натпревар во кариерата во 2020 година. Сантош го донесе тоа лето, а потоа само шест дена подоцна го отпушти поради сериозните обвиненија кои сега се потврдени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови