
Навивачите на Милан се надеваа дека со доаѓањето на новите сопственици буџетот за трансфери на играчи ќе биде значително поголем. Тимот по 11 години ја освои титулата шампион на Италија и втора година по ред ќе игра во Лигата на шампионите, но тоа нема да има големо влијание врз инвестициите во претстојниот преоден рок.
Спортскиот сектор на клубот предводен од Паоло Малдини и Рики Масар располага со сума од само 45 милиони евра, колку што утврдил новиот претседател Гери Кардинале.
Ако се спореди оваа бројка со другите европски клубови на највисоко ниво, не е доволна за некои посериозни засилувања.
Засега се договорени само Ботман и Ренато Санчез од Лил, при што Португалецот има примамлива понуда и од Пари Сен Жермен, која може да ги уништи плановите на „росонерите“.
Малдини не е воодушевен од ваквата состојба, но се надева дека Кардинале ќе ги зголеми инвестициите во иднина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal