Огромен шок за италијанскиот калчолигаш Јувентус и за селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини. Еден од најдобрите италијански фудбалери Федерико Киеза ја заврши сезоната.
Одличниот офанзивец ги скина лигаментите на коленото и ќе мора да замине на операција, а потоа го очекува и долга пауза.
Италијанските медиуми тврдат дека дијагнозата е јасна, не остава дилема, во следните денови Киеза ќе замине под нож и може да се каже дека сезоната за него е завршена. Закрепнувањето ќе трае од четири до шест месеци.
Ова значи дека Киеза нема да му биде на располагање на Манчини и за дуелот против Македонија на 24 март, во баражот за Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













