Манчестер Јунајтед викендов се пласираше во финалето на ФА Купот откако успеа да го победи Брајтон по изведувањето пенали (7-6) и закажа пресметка против градскиот ривал Манчестер Сити во финалето. Сепак, по натпреварот има многу причини за загриженост кај Бруно Фернандеш и неговиот менаџер Ерик Тен Хаг.
Фотографијата што ја објави неговата сопруга покажа дека ситуацијата не е многу ветувачка.
Бруно Фернандеш ја повреди десната нога во првото полувреме, но одби да го напушти теренот. Одигра дури 101 минута и само кога веќе не можеше да стои на нозе побара да биде заменет.
Навивачите на Јунајтед се охрабрија што Фернандеш по непријатната повреда се врати на теренот и не сакаше да биде заменет, а се надеваа дека не е нешто посериозно.
Сепак, тој се движи со помош на патерици и очигледно е дека Фернандеш ќе паузира подолг период.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













