Connect with us

Шок за Челси: Лукаку ќе паузира еден месец?

Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, би може да биде надвор од терените еден месец поради повредата на глуждот што ја заработи при победата над Малме (4-0) во групната фаза од Лигата на шампионите. Менаџерот Томас Тухел по мечот изјави дека Белгиецот, како и Тимо Вернер, кој го истегна мускулот на истиот меч, ќе пропушти неколку натпревари.


Сепак, најновата вест е дека Ромелу Лукаку ќе мора да се опоравува меѓу три и четири седмици.

Ако има утеха за лондончани, тоа е фактот дека следните пет натпревари ги играат против релативно полесни ривали. Станува збор за натпревари со Норич, Саутемптон, Њукасл, Малме и со Барнли.

Следниот голем натпревар е против Јувентус на 23 ноември, а дотогаш Лукаку треба да се опорави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови