
Барселона се надеваше дека ќе се засили во јануари пред вториот дел од сезоната, а по заминувањето на Мемфис Депај во Атлетико Мадрид. Сепак, раководството на Ла Лига е на мислење дека овој месец не може да има нови засилувања во клубот поради оптовареноста на финансискиот фер-плеј на клубот.
Шефовите на Ла Лига дури открија дека постои можност новите договори на Гави и на Роналд Араухо да не бидат регистрирани и покрај тоа што Жерар Пике од среда официјално повеќе не е играч на Барселона. Сепак, дефанзивецот сѐ уште е на документите на Ла Лига и покрај тоа што објави дека се повлекува од фудбалот во ноември.
Барса сега е поблиску до правилото 1/1 усвоено од Ла Лига за трансфери. Ла Лига сѐ уште верува дека Барселона нема финансии на располагање за да го официјализира новиот договор на Гави, што е приоритет на клубот.
Ла Лига вели дека клубот нема ни да ги има потребните средства во текот на летото, што значи дека треба да разработи план со раководството на лигата за да покаже дека ја подобрува финансиската состојба. Откако Ла Лига ќе се увери во ова, тогаш Барселона би добила одобрение да ги регистрира новите договори на Гави и другите првотимци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
