
Најпознатата фудбалска менаџерка Ванда Нара боледува од леукемија, пренесува аргентинскиот новинар Хорхе Ланата, а веста ја објавија сите познати светски медиуми. Таа во петокот беше префрлена во болница во Буенос Аирес каде и беше дијагностицирана тешка болест.
Поранешната сопруга на фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди во средата се пожали на силни болки во стомакот. После тоа лекарите одлучиле дека мора да направи дополнителни тестови и добила многу лоша вест.
Мауро Икарди сака да ја однесе на лекување во Италија. Аргентинскиот фудбалер најголемиот дел од кариерата го одигра во Италија, во Интер и тоа е земја во која се чувствува како дома. Минатата сезона играше за Галатасарај, беше на позајмица, а летово е на прагот да потпише подолг договор со Турците.
Ванда Нара е позната по скандалите и разголените слики на социјалните мрежи. Таа го изневеруваше поранешниот сопруг Макси Лопез со Икарди, иако двајцата играа заедно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
