Шкупи сака да го освои Кавадарци и ако може да се приклучи повторно во трката за шампионската титула. Тимот од Чаир сега е на третата позиција и заостанува осум бода зад лидерот Струга Трим Лум, кој во ова коло е слободен. Но, Тиквеш секако ќе сака да го одбрани домашниот терен и да избегне пораз од актуелниот првак.
Скопје е домаќин на Академија Пандев на „Автокоманда“ во еден од дуелите за опстанок во елитата. „Пиратите“ имаат четири бода помалку од „пандевци“ и се надеваат дека со евентуален триумф ќе го направат поинтересен финишот.
Силекс ја пречекува Македонија ЃП која на дуелот во Кратово патува ослабена, без неколку првотимци.
Победа во Прилеп ќе го нагости Работнички, во дуел кој исто така решава околу опстанокот.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО (Денеска, 16 часот)
Тиквеш – Шкупи
Силекс – Македонија ЃП
Победа – Работнички
Скопје – Академија Пандев
Вчера: Брегалница – Шкендија 0-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













