Македонскиот шампион Шкупи вечерва (21 часот) ќе се обиде да направи пресврт, да ја надомести негативата (1-3) и да го добие двомечот против ирскиот првак Шамрок Роверс, а тоа би значело и плејоф за групната фаза од Лигата на Европа, односно најмалку групна фаза во Конференциската лига.
Два гола негатива не е ненадоместлива, а тренерот Гоце Седлоски верува дека неговиот тим може да стигне до успех.
„Верувам во фудбалерите. Имаме квалитет за да го направиме следниот чекор, а за тоа треба да ја повториме играта од второто полувреме на натпреварот во Ирска. Примивме наивни голови и тоа беше кобно за нас, но сега не очекува нов натпревар и треба да бидеме максимално фокусирани“, вели тренерот на Шкупи.
Чаирскиот состав ќе мора да биде агресивен, офанзивен и да ја искористи предноста што ја носи домашниот терен.
Триумф со два гола разлика ќе им донесе дополнителни половина час игра, а потребни се три гола, без да се тресе мрежата на Кристијан Наумовски, за пласман во следната рунда.
Ако успее Шкупи да го елиминира Шамрок, ќе има обезбедено најмалку групна фаза во Конференциска лига, а низ плејоф ќе се бори за групна фаза во Лигата на Европа, успех кој досега единствено Вардар го остварил од македонските клубови.
Ако го елиминира Шамрок, Шкупи ќе игра против поразениот од мечот Карабах – Ференцварош (1-1) во третото коло во ЛШ. Ако, сепак, Шкупи доживее елиминација од Шамрок, тогаш ќе игра плејоф за пласман во Конференциската лига и тоа против подобриот од мечот Балкани (Косово) – Ки Класквик (Фарски Острови), а косовскиот тим има предност од 3-2.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski