
Лидерот Шкупи тргнува во одбрана на првата позиција. Пролетта е долга, Шкендија се засили, а и Академија Пандев, иако структурно променета, сепак, има амбиции да им го загорчи животот на Чаир.
На самиот старт од втората полусезона, Шкупи на домашен терен го пречекува составот на Академија Пандев во дербито на колото. Новото засилување Омар Имери верува дека со поддршката на фановите Шкупи ќе дојде до триумф.
„Максимално сме подготвени за стартот на втората полусезона и за денешниот натпревар. Многу ми недостигаше да настапувам на Чаир и да го слушам навивањето на „Шверцерите“. Овојпат ќе играме без публика, но нашите навивачи ќе бидат надвор од стадионот за да не поддржат и тоа е фантастично. Оптимисти сме дека со победа ќе ја започнеме пролетната полусезона затоа што сакаме до крајот да останеме на врвот. Треба да ги добиваме натпреварите еден по еден и на крајот да бидеме шампиони“, изјави Имери пред натпреварот против Академија Пандев.
Шкендија во Тетово го пречекува тимот на Струга Трим Лум, а во Ѓорче Петров ќе играат Македонија ЃП и Тиквеш.
Скопје на Автокоманда ќе биде домаќин на Борец, додека во Битола силите ќе ги одмерат Пелистер и Работнички.
Вчера во Штип, Ренова успеа да ја победи Брегалница со 1-2.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛO (14 ЧАСОТ)
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
СКОПЈЕ – БОРЕЦ
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
