
Актуелниот првак Шкупи не успеа да ја симне од врвот Струга ТЛ откако загуби со 2-1 на гости против Силекс во Кратово. Шкендија минимално ја совлада Победа со 1-0 и се врати во трката за титулата, а Брегалница славеше со 0-1 на гости против Работнички.
Скопје и Тиквеш на „Автокоманда“ одиграа без голови.
Силекс го зеде скалпот на Шкупи со одлична игра во првото полувреме. Стефан Милосављевиќ постигна прекрасен гол од слободен удар во четвртата минута, а Марко Ѓорѓиевски зголеми на 2-0 во 32.минута.
Во вториот дел, Мамду Данфа намали во 57.минута, но Шкупи не успеа да избегне пораз во Кратово.
Шкендија потешко од очекувањата славеше против Победа со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Ералдо Чинари во 61.минута од дуелот.

Брегалница оствари триумф (0-1) на гости против Работнички. Иван Николов донесе предност за штипјани во четвртата минута, а Работнички не успеа да израмни.
ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СИЛЕКС – ШКУПИ 2-1
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 0-1
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 1-0
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 0-0
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
