
Шкупи го победи Вардар со 0-1 во минатото коло, а денеска за првпат ќе игра на домашен терен во новата сезона. На гости во Чаир доаѓа Силекс, а новото засилување Луан Абази верува дека со поддршка од публиката неговиот тим ќе забележи победа.
„Играме дома, на Чаир, а атмосферата е одлична по триумфот против Вардар. Се надеваме дека со максимален ангажман и со поддршка од навивачите ќе освоиме нови три бода“, изјави Луан Абази.
Во Маџари, на стадионот Борис Трајковски, градска пресметка ќе имаат Работнички и Македонија ЃП.
Напаѓачот Влатко Стојановски верува дека „романтичарите“ ќе се вратат на победнички колосек.
„Работнички сака да се врати на победнички колосек. Почнавме одлично, со победа над Шкупи, а потоа имавме лош ден и загубивме од Силекс во Кратово. Сега се надеваме дека повторно ќе им се вратиме на победите. Имаме максимален респект за составот на Македонија ЃП, тие се квалитетен тим, но ние веруваме во нашите квалитети. Ако одиграме како на дуелот против Шкупи на стартот, верувам дека ќе ги освоиме трите бода“, вели Влатко Стојановски.
Сепак, голманот на Македонија ЃП, Христијан Стевковски, размислува поинаку во пресрет на денешниот натпревар.
„Малото скопско дерби секогаш било интересно, одиме во Маџари да се надигруваме и да извлечеме позитивен резултат од засилениот Работнички“, истакна голманот на „лавовите“.
Тиквеш во Кавадарци ја пречекува Шкендија, а во Охрид ќе има пресметка на Воска и на Вардар. Во Штип, Брегалница е домаќин на Гостивар.
Утре колото ќе го заокружат Струга ТЛ и АП Брера.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО (денеска, 17 часот)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ВОСКА – ВАРДАР
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – СИЛЕКС
УТРЕ: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal