Connect with us

Шкупи ќе слави титула на Чаир, сака да ја зачини со триумф над Ренова

Лидерот Шкупи пред своите гледачи денеска (16 часот) ќе слави шампионска титула. Одличната сезона на тимот предводен од Гоце Седлоски ќе биде крунисана со освојување на четврта шампионска ѕвездичка на Чаир.


Фудбалерите на Шкупи сакаат да ја прослават со триумф над Ренова и да им приредат нова радост на фановите.


„Максимално сме подготвени за овој натпревар, иако знаеме дека Ренова долго време игра доста добро и има квалитетен тим. Но, ние сме 100% мотивирани да го добиеме овој натпревар. Заедно со фановите сакаме да ја прославиме титулата. Нашите навивачи го чекаа овој ден долги години и сега конечно имаме можност да ги наградиме. Ќе го дадеме максимумот на теренот и верувам дека ќе славиме победа“, изјави Ардит Иљази од Шкупи.


Интересен натпревар во Тетово ќе играат Шкендија и Македонија ЃП. По вчерашниот триумф на Академија Пандев, сега и двата тима имаат императив да освојат три бода во трката за излез на европска сцена.


Во Струга, тимот на Срѓан Захариевски ќе го пречека Пелистер, а Тиквеш е домаќин на Борец.


Вчера, Скопје го победи Работнички со 0-1 на арената „Тодор Проески“, а Академија Пандев оствари триумф над Брегалница (2-1).

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО


ШКУПИ – РЕНОВА (16 часот)


ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП


ТИКВЕШ – БОРЕЦ


СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ПЕЛИСТЕР


ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1


АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 2-1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови