
Шкупи без најновите засилувања, Костариканецот Фреди Алварез и Русинот Џамал Дибиргаџиев, ќе мора на мегдан против Шкендија во дербито од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига. И двајцата се во постапка на регистрација за чаирчани, па по комплетирањето на документацијата ќе може да бидат на располагање на стручниот штаб.
Но, без разлика на тоа, избраниците на Мухарем Бајрами се цврсто решени на свој терен да дојдат до бодовите против големиот фаворит.
„Успешно ја минавме подготвителната фаза, максимално сме подготвени за новата сезона. Што се однесува до натпреварот со Шкендија, изминатава недела целосно бевме фокусирани на анализа на противникот, ги знаеме сите предности и слаби страни на тетовци. Се надеваме дека ќе ја започнеме новата сезона со победа и дека трите бода ќе останат во Чаир“ – вели капитенот на Шкупи, Бесар Исени.
Но, Шкендија со игрите и резултатите низ подготвителниот период се наметна како фаворит број еден во трката за шампионската титула сезонава. „Црвено-црните“ посакуваат со триумф да ја почнат новата сезона иако ги чека, за нив секогаш, жешкиот терен во Чаир.
ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Скопје: МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
Битола: ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – БОРЕЦ 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
