Требаше да биде пријателски натпревар, но во последните моменти се претвори во грушна тепачка. Македонскиот прволигаш Шкупи и рускиот клуб Факел одиграа тест натпревар во Анталија, а на крајот, по еден невнимателен старт на руски фудбалер над Алварез, се случи инцидент во кој се вклучија буквално сите фудбалери од двете екипи.

Се разменуваа и удари, на крајот „пријателската“ се претвори во сериозно непријателска пресметка. Беше потребен период од неколку минути за да се смират страстите.

Ако после ова некого го интересира и резултатот, Факел победи со 1-0, со голот на Андреј Разборов во 63.минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













