Connect with us

Шкупи ги стартуваше подготовките за Европа (ФОТО)

Македонскиот вицепрвак Шкупи ги почна подготовките за новата сезона. Првиот предизвик за тимот од Чаир секако ќе биде настапот во квалификациите за Конференциската лига.

Тренерот Гоце Седлоски ја изврши првата прозивка на фудбалерие на која се појавија и засилувањата Фисник Зука, Блертон Шеји и Томе Китановски и со тимот го одржа првиот тренинг на стадионот „Борис Трајковски“. Чаир се уште е во фаза на реконструкција, па тимот ќе тренира на овој стадион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови