Македонскиот вицепрвак не застанува со трансфер – активностите. Тимот од Чаир веќе ангажираше три нови засилувања за новата сезона, ги доведе Фисник Зука, Блертон Шеји и Томе Китановски, а во план се уште неколку нови имиња од македонското првенство, но и од странство.
Шкупи сака да го ангажира Пепи Ѓорѓиев, напаѓачот на Силекс, кој имаше одлична голгетерска серија во завршницата од шампионатот. За жал, кратовскиот тим иако го освои Купот на Македонија потоа го загуби најважниот натпревар – баражот за опстанок во елитата и следната сезона ќе игра во второлигашка конкуренција. Шкупи ќе му понуди на Ѓорѓиев да биде дел од тимот што има план да се бори за шампионската титула следната сезона.
Во плановите на чаирчани е и Никола Серафимов, дефанзивецот на Академија Пандев. Кривањева е на праг на заминување во Азербејџан, а Серафимов би требало да го пополни неговото место на стоперските позиции во Шкупи. Очигледно дека на Чаир се работи сериозно во овој летен преоден рок.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski