
Бразилецот Тулио Клер де Фреитас е решението за голманската криза во Шкупи, со која скопскиот прволигаш се соочи по повредата што на подготовките во Турција ја заработи Азизи. Овој 23-годишен голман ги мина последните три дена на проба, па откако ги задоволи вкусовите на тренерот Умит Каран денеска потпиша едногодишен договор со Шкупи.
„Среќен сум поради шансата што ми се укажува, се чувствувам многу добро, максимално мотивирано за новиот предизвик. Одлично сум примен од соиграчите и од стручниот штаб, ќе сторам се што можам за да му помогнам на клубот во остварувањето на зацртаните цели“ – изјави 23-годишниот Тулио .
Шкупи веќе в четврток го очекува првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа, против ерменскиот претставник Пјуник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
