Раководството на Шкендија преку соопштени ја потврди информацијата дека двајца членови на тетовскиот клуб се позитивни на Ковид-19. Тетовци истакнаа дека заболените веднаш се ставени во самоизолација, а во клубот со нетрпение се очекуваат резултатите од вторите тестови врз овие лица.
„Шкендија сака да ја информира јавноста дека на 30 мај беше извршено тестирање за Ковид-19 врз членовите на нашиот клуб, во организација на Синдикатот на фудбалери, во лабораторијата на приватната болница Аџибадем Систина. За жал, денеска бевме информирани дека два члена на нашиот клуб се позитивни на Ковид-19. Во интерес на веродостојност на резултатите, клубот веднаш покрена процедура за извршување на втори тестови врз двајцата позитивни. Почитувајќи ги одлуките на компетентните институции, тие се ставени во самоизолација, а клубот ќе ги повлече наредните потези во координација со Институтот за Јавно Здравје и со Фудбалската Федерација на Македонија. Нема да даваме дополнителни изјави на оваа тема“, се вели во соопштението на ФК Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













