
Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија преку официјално соопштение изрази незадоволство од судиските одлуки на дерби-натпреварот против Вардар во 19. коло, кои беа донесени од судијата Игор Стојчевски и неговите помошници.
Во целост го пренесуваме соопштението на ФК Шкендија:
„ФК Шкендија остро реагира на пристрасното судење во натпреварот од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига против Вардар во Скопје. Одлуките на судиската тројка, предводена од Игор Стојчевски, директно влијаеја на текот на натпреварот, фаворизирајќи го домашниот тим со двојни критериуми и спорни одлуки.
Од самиот почеток на натпреварот, судијата применуваше нерамноправен пристап, лесно казнувајќи ги нашите играчи, додека фаулите во наша корист беа игнорирани. Кулминацијата на контроверзните одлуки се случи во 64. минута, кога беше досуден сомнителен пенал за Вардар, а неговото изведување беше повторено без јасна причина, иако нашиот голман ги почитуваше правилата. Дополнително, во финишот од натпреварот не беше досуден очигледен пенал во наша корист, што само го потврди нефер пристапот на судиите.
Поради овие случувања, ФК Шкендија упати официјална жалба до Фудбалската федерација на Македонија и надлежните институции, барајќи детална анализа и соодветни мерки. Ја информираме јавноста за нашата реакција, бидејќи веруваме дека транспарентноста и фер-плејот се клучни за интегритетот на натпреварувањето. ФК Шкендија вложува сериозни напори за чесна спортска борба и нема да дозволи нејзината работа и посветеност да бидат загрозени од неправедни судиски одлуки. Очекуваме конкретни чекори од ФФМ за да се обезбеди фер и рамноправен шампионат за сите екипи“, се вели во соопштението на ФК Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
