Шкендија со пресврт го совлада Пелистер во Битола со 1-3 и создаде уште поубедлива предност на табелата пред конкурентите. Во прилог на тетовци им оди поразот на Шкупи во Струга од 2-0.
Пелистер поведе во петтата минута. Танушев од пенал погоди за 1-0, но до крајот на мечот сепак Шкендија обезбеди триумф од 1-3. Валон Ахмеди од слободен удар постигна прекрасен гол во 23.минута, Љупчо Дориев во 69.минута се погрижи за пресврт со прецизен шут од 20 метри, а Бесарт Ибраими од пенал ја запечати победата во 86.минута.
Шкупи загуби од Струга Трим Лум со 2-0. Двоен стрелец на овој меч беше Нијас Лена. Тимот на Срѓан Захариевски го надигра гостинот од Чаир и заслужено стигна до трите бода.
Академија Пандев со 1-0 го совлада Силекс. Стрелец на голот беше Кире Маркоски од пенал, во 90.минута од натпреварот. Со овој триумф, струмичкиот тим полека излегува од кризата.
Вардар стигна до победа од 3-1 против Беласица. Вардарци експресно обезбедија предност од 2-0 со головите на Мартин Мирчевски во 6. и на Милован Петровиќ во 16.минута.
Робсон да Силва ја погоди стативата од голот на Филип Илиќ, а тоа беше најава за погодокот што го постигна во второто полувреме. Во 55.минута, со одличен шут од 25 метри, Да Силва намали на 2-1. Но, Вардар сепак не дозволи да испушти бодови, Филип Петковски во 79.минута постигна трет гол за „црвено-црните“.
Македонија ЃП со 1-3 ја совлада Ренова во Тетово. Филип Петров во 11.минута донесе водство за „лавовите“, а Сефер Емини од пенал во 42.минута зголеми на 0-2. Ѓорчепетровци останаа со играч помалку во 77.минута по исклучувањето на Фернандо, Алуш Гавазај намали на 1-2 во 90.минута, но, сепак, Арди Воша во судиското продолжение го постави конечниот резултат, 1-3.
ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1-3
ВАРДАР – БЕЛАСИЦА 3-1
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 1-0
ВЧЕРА: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Табела: Шкендија 17, Шкупи 13, Македонија ЃП 13, Борец 12, Струга ТЛ 11, Силекс 10, Работнички 10, Пелистер 9, Академија Пандев 6, Ренова 5, Беласица 0.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski