
Македонскиот претставник Шкендија вечерва (19 часот) на „Френдс Арена“ во Стокхолм го игра првиот меч од третата квлификациска рунда во Конференциската лига на УЕФА. Шведскиот тим АИК Стокхолм е пречката за тетовскиот тим.
Тренерот Артим Шаќири вели дека се добри анализирани, дека нападот им е посилна страна, но затоа имаат „дупки“ во одбраната.
„Ново големо искушение за нас. Но, подготвени сме за предизвикот. Верувам во овој тим, ако одиграме како што знаеме, тогаш се надевам на поволен епилог. Го анализиравме АИК Стокхолм, тоа е силен тим, имаат одличен напад, лесно создаваат шанси. Но, мислам дека имаат и тие свои слаби страни, посебно во одбраната, кои ќе се обидеме да ги искористиме“, изјави тренерот на Шкендија.
Искусниот дефанзивец Меџит Незири верува дека тимот може да стигне до позитивен резултат.
„Ќе биде потешко отколку досега, свесни сме за тоа. АИК е искучително квалитетен тим. Но, ние веруваме во своите квалитети и ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до позитивен резултат. Шкендија секогаш атакува на победа, така ќе биде и вечерва, но секако дека на крајот би биле задоволни и со реми, со оглед дека реваншот ќе го играме во Македонија“, изјави Незири.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
