Connect with us

Шкендија против Кит Го, Вардар против Победа во 1/16-финалето од Купот

Одредени се двојките за 1/16 финалето од Купот на Македонија. На ждрепката која денеска се одржа во ФФМ беа формирани двојките за натпреварите кои се закажани за 15. септември со почеток во 15:00 часот.

Академија Пандев и Силекс, финалисти од ланското издание во најмасовното клупско натпреварување директно обезбедуваат место во осминафиналето поради бројот на пријавени тимови за денешното извлекување.

Куп на Македонија, 1/16 финални парови:

ДЕТОНИТ Јуниор – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П

ПОБЕДА – ВАРДАР

КИТ ГО – ШКЕНДИЈА

БЕСА Добридол – СКОПЈЕ

ЛОКОМОТИВА – ОХРИД Лихнидос

ГОСТИВАР – РЕНОВА

ЉУБОТЕН – ПЕЛИСТЕР

КОРАБИ – БЕЛАСИЦА

ЊУ СТАРС – БОРЕЦ

СЛОГА Виница – РАБОТНИЧКИ

НОВАЦИ 2005 – ТИКВЕШ 1930

САСА Каменица – СТРУГА Трим Љум

ВОСКА Спорт – БРЕГАЛНИЦА

ВЕЛЕШТА – ШКУПИ 1927

Advertisement

Facebook

Тимови