Лидерот Шкендија ќе се обиде да го одбрани Тетово од нападот на „лавовите“ од Ѓорче Петров, но ќе ја нема помошта на искусните фудбалери за врска Арменд Алими и Валон Ахмеди. Ова значително ќе ја отежни работата на составот на Ернест Ѓока, а голем товар ќе падне на репрезентативецот Енур Тотре.
Алими поради смрт во семејството нема да биде присутен на денешното дерби, а Ахмеди се уште не е доволно опоравен од повредата. Добра вест за Ернет Ѓока е враќањето на капитенот Егзон Бејтулаи во одбраната. Тој ја одлежа суспензијата поради жолти картони и се враќа навреме за големата пресметка.
Македонија Ѓорче Петров ја препушта фаворитската улога на домаќинот Шкендија, но ќе ја искористи секоја пружена шанса за да го загрози Костадин Захов и со успех да се врати во Скопје од ова тешко гостување. Тимот на Жикица Тасевски има три победи на последните четири натпревари, а на првиот дуел со Шкендија загуби минимално во Ѓорче Петров со 0-1.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













