
Македонскиот претставник Шкендија го заврши настапот во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА откако по изведување пенали е елиминирана од АИК на арената „Тодор Проески“. Фудбалерите на Артим Шаќири не успеаја да реализираат дури три удари од белата точка, па АИК славеше со 2-3 на пенали.
АИК ја отвори серијата пенали со промашување на капитенот Ларсон кој ја погоди гредата. Погоди Стојановски, а потоа и Хусеин.
Бруно Дита не реализира за Шкендија, потоа и Дориев, а Ферхан Хасани се обиде во петтата серија да израмни и го промаши голот.
По 90 минути на арената „Тодор Проески“ резултатот беше 1-1, идентично како и на првиот меч во Шведска. Мечот отиде во продолженија, а потоа и на пенали.
Ферхан Хасани донесе водство за Шкендија во 22.минута, откако Шала беше соборен во шеснаесетникот.
Но, АИК стигна до израмнување во 56.минута. Захов лошо боксуваше топка од петерецот, таа дојде до Јасин Ајари кој ја затресе мрежата на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
