
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Ферхан Хасани, пред две недели официјално објави крај на својата кариера и замина во спортска пензија.
Во негова чест, Шкендија – клубот во кој ја помина најголемата добар од својата кариера – му оддаде признание за неговиот придонес. Пред почетокот на натпреварот против Силекс во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Хасани доби специјален врамен дрес со бројот „10“ и порака „Благодариме!“, како и благодарница од клубот.
Своите први фудбалски чекори ги направи токму во Шкендија, а потоа настапуваше за Волфсбург, Брондби, Ал-Раед, Хелсинки, Партизани Тирана и данскиот Хелсингор – клубот во кој ја заврши својата професионална кариера.
На репрезентативно ниво, Хасани одигра 43 натпревари за македонската селекција и постигна два гола. Еден од неговите незаборавни моменти беше погодокот против Италија во Скопје, кога со прецизен удар од 17 метри го совлада легендарниот Џанлуиџи Буфон.
Освен Хасани, признание доби и капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими, кој беше награден за својот 150. гол постигнат во дресот на тетовскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
