
Шкендија успеа да го победи тимот на Академија Пандев на гости со 0-1, во дерби мечот од третата рунда во Првата фудбалска лига. Аденис Шала во 76.минута успеа го реши дуелот и да донесе три бода за тетовци.
Струга Трим Лум продолжува со победничката низа. Тимот на Срѓан Захариевски го победи и Работнички со 2-1. Зија Мерџани го отвори резултатот во 12.минута, но возврати Димитар Тодоровски во 25.минута. Сепак, Сава Радич во 75.минута со удар со глава донесе нова предност и за конечна радост. Тој доби црвен картон, исто како и Методи Максимов.
Силекс го совлада Скопје со 3-1, а во Кавадарци, Тиквеш и Брегалница ремизираа 1-1.
Обадовиќ донесе водство во Силекс, а израмни Хајдари. Сепак, Обадовиќ со својот втор гол донесе нова предност, а триумфот го потврди Алији. Имаше и црвени картони, два кај домаќинот и за Мециновиќ уште во првиот дел за гостите.
Во Кавадарци, Горан Силјановски постигна убав погодок од далечина во 25.минута, но израмни Едиз Спахиу во 57.минута од дуелот. Црвен картон доби капитенот на Брегалница, Даниел Мојсов.
Вчера, Македонија ЃП ја совлада Победа со 4-1.
ПРВА ЛИГА, ТРЕТО КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 0-1
СИЛЕКС – СКОПЈЕ 3-1
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 2-1
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1-1
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 4-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
