
Актуелниот шампион Струга Трим Лум во дербито на 13.коло од Првата фудбалска лига ја пречекува Шкендија. По триумфот над Вардар во заостанатиот натпревар, избраниците на Шпетим Дуро се надеваат дека ќе успеат да го земат и скалпот на Шкендија.
Сепак, тетовци имаат поинаков план. Бруно Дита вели дека ова е одлична шанса за Шкендија да ја покаже својата класа.
„Би рекол дека ова е вистинскиот мегдан за да ја покажеме нашата вистинска сила. Гостување кај шампионот Струга Трим Лум, тоа секако е предизвик. Ние сме подготвени и ќе се потрудиме да оствариме позитивен резултат“, изјави Бруно Дита, фудбалерот за врска на Шкендија.
Шкупи е во одлична серија и сака да ја задржи и по денешната пресметка со Вардар. Некогаш ова беше голем дуел за врвот, но сега Шкупи е лидер, а Вардар доаѓа на Чаир како последнопласиран на табелата. Сепак, тоа не значи дека не постојат мотиви кај „црвено-црните“ да го освојат домот на Шкупи.
Вчера се одиграа останатите четири натпревари од ова коло.
ПРВА ЛИГА, 13 КОЛО
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-2
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-3
ВОСКА – БРЕРА 1-1
ДЕНЕСКА (13 ЧАСОТ)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ВАРДАР

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
