Шкендија забележа убедлива победа во Конференциската лига, совладувајќи го словачкиот Слован Братислава со 2-0 на домашен терен. Со овој триумф, тетовскиот првак се искачи во зоната за плеј-оф и сега има реални шанси за пласман во следната фаза на третото натпреварување на УЕФА. Победата исто така му донесе 400.000 евра од УЕФА и ја подобри позицијата на Македонија на европската ранг-листа.
Шкендија одигра моќно против ривалот кој дојде во Скопје со низа проблеми и повреди. Групната фаза пред домашната публика ја завршуваат без пораз, со две победи и едно реми. Во последното коло, тимот гостува кај АЕК Ларнака.
Натпреварот започна во доминација на Шкендија, која постојано создаваше шанси пред голот на Слован. Првите два гола беа постигнати во првиот дел: во 33. минута, Бајриќ несреќно си постигна автогол, а потоа Роналдо Вебстер започна контранапад и несебично асистираше до Себастијан Спахиу за 2-0 пред паузата. Вториот дел беше тактички совршен за Шкендија, додека Слован буквално не успеа да создаде ниту една вистинска шанса, сите нивни обиди завршија надвор од рамките на голот на Гаје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













