
Шкендија го совлада Вардар со 2-1 и се одлепи на осум бода предност во однос на Шкупи, кој ремизираше без голови против Академија Пандев. И Македонија ЃП дома не успеа да го победи (0-0) Борец, па веќе заостанува десет бода во однос на тетовскиот тим.
Пелистер ја совлада Ренова со 3-1, а Струга Трим Лум славеше на гости против Беласица во Струмица со 1-2.
Мевљан Мурати во 15.минута донесе предност за Шкендија на дербито во Тетово, но само две минути подоцна возврати Мартин Мирчевски. Сепак, Арменд Алими со прекрасен гол од слободен удар во 62.минута донесе триумф за составот на Ернест Ѓока. Ако се знае дека вардарци се делумно неподготвени, Шкендија и не беше претерано доминантен тим.
Шкупи очигледно ќе има проблеми со ефикасноста оваа пролет. Матеј Цветаноски погоди против Борец, но овојпат иако ја имаше најубавата шанса на почетокот на вториот дел, беше за малку непрецизен. Потоа и Дијак се закани со удар со глава, но Марко Јовановски беше на висина на задачата.
Македонија ЃП исто така се мачеше против Борец и не успеа да постигне погодок на дуелот во Ѓорче Петров.
Пелистер оствари триумф (3-1) против Ренова. Омар Гудијаби отвори во деветтата минута, а израмни Арлинд Алити во 23.минута. Борче Маневски од пенал зголеми на 2-1 во 44.минута, а во вториот дел Дарко Размоски во 55.минута ја осигура победата на Пелистер.
Струга Трим Лум славеше на гости во Струмица против Беласица со 1-2. Марјан Алтипармаковски донесе водство за стружани во 26.минута, а Нијас Лена од пенал во 60.минута зголеми на 0-2. Беласица исто така намали од пенал со погодокот на Антонио Каланоски во 80.минута.
Работнички и Силекс вчера ремизираа 1-1 на арената „Тодор Проески“. Никола Прелчец донесе водство за „романтичарите“ , а израмни Иван Галевски во финишот од дуелот.
ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ, 20.КОЛО
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2-1
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ 0-0
ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА 3-1
БЕЛАСИЦА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-2
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
