Connect with us

Шкендија го победи Вардар, Гостивар ја доби Струга ТЛ, Шкупи славеше против Работнички

Шкендија го победи Вардар со 1-2 на арената „Тодор Проески“, на отворањето на пролетниот дел од сезоната во Првата лига. Бесарт Ибраими постигна убав погодок за водство на Шкендија во 54.минута, а израмни Закариќ од втор обид после пеналот во 67.минута. Сепак, Шкендија постигна втор погодок преку новото засилување Фабрис Тамба во 76.минута.


Силекс одигра само 1-1 против Тиквеш во Кратово. Ади Алиќ обезбеди водство за Силекс во 30.минута, но Тиквеш израмни во второто полувреме. Беше досуден пенал за Тиквеш, а реализираше Берат Садик во 78.минута.


Гостивар и Струга ТЛ исто така одиграа дерби-дуел на стадионот „Борис Трајковски“. Мечот заврши со триумф на домаќинот од 1-0 обезбеден буквално во последните мигови, а погоди Алпер Потук од пенал. Стружани играа со фудбалер помалку од 67 минута поради исклучувањето на Меметриза Хамза.


Шкупи на Чаир го победи Работнички со 2-0. Емануел Аворнио во 29.минута донесе предност за Шкупи, а Демир Имери по еден противнапад го потврди триумфот во 75.минута.


Во Охрид, Воска ја победи Беса со 2-0. Марко Зуљ во 73.минута донесе предност, а Клинтон Осеи четири минути подоцна завери важни три бода за Воска.


Пелистер и Брера ремизираа без голови во Битола.

ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

Силекс – Тиквеш 1-1
Вардар – Шкендија 1-2
Гостивар – Струга ТЛ 1-0
Воска – Беса 2-0
Шкупи – Работнички 2-0
Пелистер – Брера 0-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови